hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант „преживеа“ во Веспрем и се избори за место на Ф4 во Келн

lazarov nant3

Веспрем - Нант 32:30 (18:15)

Кирил Лазаров од вечерва е светски уникат. Иако неговиот Нант загуби од Веспрем со 32:30, се избори за пласман на завршниот турнир на Лигата на шампионите и по седми пат ќе игра во „Ланксес Арена" за европска титула. Францускиот тим го загуби реваншот кај Веспрем во Унгарија (32:30), но благодарение на домашната победа од 32:28, по пауза од две сезони повторно ќе игра на една завршница на ракометната елита.

Нант подобро влезе во мечот, одржуваше позитива од два до три гола. Но, унгарскиот состав успеа да се врати, дојде на плус четири пред крајот на првото полувреме и на одмор замина со 18:15.

По 20-16 на почетокот на второто полувреме, францускиот тим израмни на 20:20, а подоцна и поведе со 23:25. Сепак, Коралес и грешките на францускиот тим, придонесоа Веспрем да поведе со 27:25. Црната серија од седум минути без гол ја прекина Лазаров за 27:26 и Французите концентрирано го одиграа финишот и покрај поразот ја сочуваа залихата од Нант.

Кирил Лазаров реализира четири пати, а најпрецизен кај Нант беше Белегер со шест гола. На спротивната страна Манасков впиша два гола, додека Ненадиќ броеше до седум.

Share