hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант во позитивна серија, победен Истр за шеста радост по ред

lazarov vs istres

Истр - Нант 26:33 (12:13)

Четвртфиналистот на Лигата на шампионите, француски Нант ја продолжи победничката серија во домашното првенство, откако попладнево го совлада Истр со 26:33 (12:13) за шести триумф по ред во натпревар за бодови. Аутсајдерот Истр одигра солидни 30 минути, во кои не се предаваше против Нант и на полувремето замина со 12:13, но во вториот дел ситуацијата драстично се промени.

Нант ја презема контролата врз резултатот во вториот дел и на крајот извојува триумф од убедливи 26:33.

Македонскиот капитен Кирил Лазаров постигна еден погодок, но одлично проигруваше до соиграчите. Нант во своите редови ги имаше расположените Ривера (седум гола) и Монар (пет гола).

Следен предизвик за Нант и Лазаров во домашниот шампионат е тимот на Лимож, но пред тој меч, веќе в четврток ги чека реванш средбата од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Веспрем.

Share