hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант му одржа лекција на Веспрем и со +4 ќе патува на реваншот во Унгарија

kire vespremmm

Нант - Веспрем 32:28 (16:12

Второто учество за Нант вжна завршниот турнир на Лигата на шампионите не е невозможна мисија. Ракометарите на францускиот претставник забележаа голема победа против Веспрем со 32:28 и стекнаа добра залиха за реваншот следниот четврток во Унгарија.

Унгарците подобро отворија и на средина од првото полувреме имаа +3. Сепак, со,серија од 5:0 Нант ги сврте работите во своја полза. Лазаров и соиграчите се разиграа и на пауза заминаа со 16:12. Во вториот дел Веспрем ниту еднаш не се доближи до францускиот ривал и константно губеше со разлика над четири гола. Во еден момент беше +7, а откако Нант промаши напад за предност од осум гола, Веспрем го намали поразот.

Почетокот на второто полувреме донесе вистински пекол за тимот на Веспрем. Домашните играа одлично и брзо дојдоа до 19:12 (34. минута). Овие седум гола делуваа огромни бидејќи даваа само дополнителен елан за ракометарите на Нант.

Најефикасен во редовите на Нант беше Валеро Ривера со шест гола, а Лазаров натпреварот го заврши со четири погодоци. Во редовите на Веспрем, Маргуч беше најефикасен со осум гола.

Share