Нант го збриша и Шамбери и спремен го чека двомечот против Веспрем
Ракометарите на Нант ја продолжија серијата на победа во најбитниот дел на сезоната и во очекување на четвртфиналето на Лигата на шампионите против Веспрем, покажаа дека се во потребен натпреварувачки ритам. Екипата на Кирил Лазаров авторитетно стигна до победа против Шамбери со 30:24 и продолжи да се искачува кон врвот на табелата во француската елита.
Од првата минута тимот на Ентрериос се наметна со подобра игра во одбрана и дојде до предност од 3-4 гола. Во ниту еден момент Шамбери не се доближи, па во последните десетина минути предноста порасна и домаќините без треперење запишаа значајна победа.
Најдобар поединец на на натпреварот беше голманот на Нант, Емил Нилсен со 14 одбрани, а блескаа и кружниот напаѓач и крилата. Ривера беше стрелец на девет, а Пешмалбек на шест погодоци. Лазаров постигна два гола и имаше една асистенција. Кај Шамбери се истакнаа Бенџамин Ришер со пет и Ларс Нилсон со четири гола.
Со овие два бода Нант се зацврсти на третото место и се доближи до второпласираниот Монпелје.