hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Одиме по потешкиот пат, но нема изговори!

lazarov selektor

Македонија за противници ги доби Данска, Словенија и Црна Гора во групната фаза на Европското првенство, но селекторот Кирил Лазаров уште еднаш покажа максимална лидерска способност, ставајќи до знаење дека не смееме да се плашиме од ривалите.

Селекторот јасно става до знаење дека на натпреварите во Дебрецин во јануари 2022 се ќе зависи од настапот на нашата селекција.

„Одиме по потешкиот пат, но нема изговори. Зависиме од самите себе и од тоа колку ние ќе успееме да се подготвиме на посакуваното ниво до јануари. Противниците се тие што се, нема многу да се оптоваруваме на нив. Ќе се подготвуваме максимално и на секој натпревар ќе одиме на победа. Ми се допадна една изјава на еден од нашите лидери во репрезентацијата, Никола Митревски кој рече: „Ако играме како што умееме, не е важно кој ќе ни биде ривал. Веќе од утре почнуваме со подготовки за ЕП", ни изјави Лазаров.

Македонија ќе се сретне на стартот со Словенија, а последниот натпревар во групата ќе го одигра против Данска.

Share