hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант и Лазаров пресилни за „фенерџијата“ во францускиот шампионат

lazarov nant1

Трембле - Нант 22:35 (12:19)

По завршување на ЕХФ неделата, Кирил Лазаров продолжи таму каде што застана во неделата во Скопје. На гостувањето кај Трембле, Нант ја оправда фаворитската улога и славеше со убедливи 22Ч35 (12:19) за четврта победа во низа, вкупно шеснаесетта оваа сезона.

Ракометарите на Нант имаа лесна задача и забележаа убедлив триумф од тринаесет разлика против последнопласираниот тим на табелата. Трембле добро го започна натпреварот и отвори со 3:1, се играше изедначено десетина минути а потоа гостинскиот тим ја презема контролата и обезбеди предност од 12:19 на полувреме.

Во продолжението екипата на Лазаров рутински го водеше мечот кон крај и без многу проблеми стигна до триумф со двоцифрена разлика.

Лазаров средбата ја заврши со два гола од исто толку обиди, истите ги постигна пред крајот на првото полувреме. Прво име во редовите на Нант беше Ривера со осум погодоци. Најдобар кај Нант беше Ривера со осум гола, пред Монар и Кавалканти со пет, додека кај Трембле, Портела реализираше четири пати.

За Нант ова беше четврта победа во низа во Старлигата и тимот се наоѓа на третата позиција со 35 бода. Пред него се Монпелје (38) и ПСЖ (44 бода).

Share