hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија од третиот шешир ја чека ждрепката за ЕП во Унгарија и Словачка

mkd rakomet1
Официјално завршија квалификациите за пласман на следното Европско првенство од 13 до 30 јануари 2022 година кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка. На овој континентален собир ќе учествува и најдобрата македонска репрезентација која денеска го запиша и петтиот триумф, совладувајќи ја по вторпат Швајцарија.
 
За нашата селекција предводена од селекторот и капитен Кирил Лазаров ова ќе биде шесто учество по ред на еврошампионатите.
 
Европската ракометна федерација (ЕХФ) веднаш ги објави сите 24 учесници на Европското првенство.
 
Шешир 1: Хрватска, Шпанија, Португалија, Норвешка, Словенија, Германија, 
Шешир 2: Австрија, Унгарија, Русија, Шведска, Србија, Данска
Шешир 3: Македонија, Словачка, Белорусија, Чешка, Франција, Исланд
Шешир 4: БиХ, Црна Гора, Холандија, Полска, Литванија, Украина

Ждрепката за извлекување на групите ќе се одржи на 6 мај во 17:00 часот во Будимпешта.

Share