hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија вторпат ја надигра Швајцарија и со стил се „чекира“ на ЕП

mkd - sui 2

Македонија - Швајварија 29:28 (16:16)

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Скопје ја совлада Швајцарија со 29:28 во последното коло од квалификациите за Европското првенство. Иако македонскиот национален тим и пред натпреварот го имаа обезбедено учеството на евро-шампионатот, одиграа без калкулации и на крајот заслужено се радуваа.

Неизвесната игра царуваше цел натпревар, Швјацарија ја држеа во игра Шмид и Портнер, додека кај Македонија, главна улога играа голманот Митревски и нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров. Евидентна беше нервозата кај гостите во клучната фаза, па во клучната фаза Георгиевски со третиот гол донесе 26:23. На две минути пред крајот, Швајцарија дојде на минус еден (28:27), истиот резултат беше и во последната минута, ама немаше време за кам-бек на противникот.

„Црвено-жолтите" до победата ги предводеа селекторот Кирил Лазаров и Филип Кузмановски со по шест гола, како и голманот Никола Митревски со 15 одбрани.

На вториот натпревар од шестото коло во седмата група, Данска ја победи Финска со 46:24.

Македонскиот национален тим го обезбеди своето седмо учество на континенталните ракометни собири каде од групата ќе патуваат и Данците. Европското првенство ќе се игра во јануари следната година во Словачка и во Унгарија.

Share