hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Перфектно второ полувреме, Нант триумфално се враќа од Сант Рафаел

kire st raphael

Сант Рафаел - Нант 26:28 (13:10)

Нант запиша нова победа во националниот шампионат на Франција, откако во заостанатиот натпревар од деветтото коло славеше на гостувањето кај Сант Рафаел со 26:28 (10:13). Реакцијата во вториот дел им донесе значајни бодови во битката за место во Лигата на шампионите на момците на Алберто Ентрериос, кои добро ја темпираат формата за дуелите со Веспрем во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Сант Рафаел брзо поведе со 7:3, а на одмор замина со 13:10, крунисувајќи ја подобрата игра во првите триесет минути. Клучниот момент беше почетокот на второто полувреме, кога Нант се врати и израмни. Последните десет минути донесоа целосен пресврт, најнапред водство, а потоа и победа од 26:28 за Лазаров и другарите. Во финишот гостите имаа и +4, па не трепераа за бодовите.

Кирил Лазаров остигна четири гола, а уште четири играчи исто така погодија по четирипати Пешмалбек, Ривера, Мин и Монар. Со оваа победа Нант останува на третата позиција на табелата, веднаш зад зад ПСЖ и Монпелје.

Share