hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров „диригираше“, Нант сензационално го исфрли Киелце од ЛШ

kielce - nant

Киелце - Нант 31:34 (13:15)

Францускиот претставник во Лигата на шампионите, Нант приреди големо изненадување и го елиминира првакот на Полска, Киелце. Екипата на Кирил Лазаров, и без неколку стандардно првотимци, славеше на гостински терен со 31:34 и по ремито на првиот натпревар во Франција, ќе игра четвртфинале против Веспрем или Вардар.

Лазаров и другарите одлично започнаа, Нант поведе со 1:3, а потоа и со 2:5. Блескаше голманот Емил Нилсен, а младиот Мин погодуваше без грешка од секоја позиција. Иако пред одморот Киелце успеа да израмни на 11:11, Нант подобро го заврши првиот дел и на одмор замина со два гола позитива (13:15).

Киелце се врати во вториот дел, израмни на 20-20, но потоа во завршните десет минути работите во свои раце ги презеде Лазаров. Македонскиот капитен прво постигна два гола од девет метри, а потоа маестрално раководеше со нападите на Нант „седум на шест", разигрувајќи ги соиграчите за огромна радост на крајот.

Најефикасен во составот на Нант беше Валеро Ривера со девет гола, а нашиот Кирил Лазаров постигна четири погодоци. Нилсен беше одличен со десет интервенции на голот на Нант. Кај Киелце, Кулеш со шест гола беше најпрецизен.

Share