hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Четврта победа по ред за Нант, совладан Сесон Рен на гостински терен

лазаров сесон

Сесон Рен - Нант 21:25 (8:14)

Со уште една победа во домашниот шампионат, Нант се доближува до врвот на шампионатот на Франција и сонува за повторување на ланскиот резултат, кога екипа на Ентрериос заврши на второто место до прекинот на шампионат, зад шампионот ПСЖ. Тимот на Кирил Лазаров го победи Сесон на гостински терен со 21:25, што е четврта победа по ред во француското ракометно првенство.

Нант првиот дел го реши во своја полза со 8:14, па успеа да ја задржи предноста до самиот крај и запиша лесна победа.

Лазаров беше стрелец на гол во дресот на Нант, а најефикасни беа Ривера со шест и Балагер и Пехмалбек реализирале по четири погодоци.

Нант останува на третото место зад шампионот ПСЖ и Монпелје.

Share