hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Незаборавно деби на селекторот Лазаров, Македонија го победи светскиот првак Данска

EHF EURO 2022 rakomet-kvalifikacii Makedonija-Danska 11.03.2021-4070

Македонија - Данска 33:29 (17:13)

Легендарен настап на македонските ракометари на селекторското дерби на Кирил Лазаров. Македонија со 33:29 го победи актуелниот светски шампион, селекцијата на Данска во квалификациски меч за Европското првенство во Скопје.

Нашите ракометари одлично го започнаа натпреварот. Македонија во четвртата минута веќе имаше предност од 4:2 со двата гола на Талески и Манасков. Актуелниот светски шампион постојано ја бркаше предноста на Македонија, успеа да израмни на 7:7, но тоа беше се што успеаја да направат Данците. Во 17. минута со два брзи гола, од кои вториот беше на Лазаров, Македонија повторно имаше предност од два гола (9:7). Три минути подоцна Филип Талески го совлада Ландин, по што Македонија за првпат има водство и од четири гола (12:8) и предноста ја задржа до крајот на полувремето (17:13).

Во второто полувреме продолживме таму каде што застанавме во првото, ја полневме мрежата на Данска, а во еден момент дојдовме и до највисоки осум голови разлика, 25;17. Данците успеаа да ја намалат нашата предност, но во ниту еден момент не го доведоа победникот на овој меч во прашање, конечниот резултат беше 33:29 за Македонија.

Никола Митревски со 13 одбрани беше најдобриот поединец во нашиот тим. Манасков, Талески и Кузмановски постигнаа по пет голови, а Стоилов и Лазаров по четири. За Данска се издвои Хансен со 11 гола, a Менсах Ларсен мечот го заврши со четири гола.

Македонија ќе гостува во Данска во следното коло од евро-квалификациите, а натпреварот е закажан в недела во Алборг.

Share