hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Одложен натпреварот од ЛШ меѓу Веспрем и Нант

манасков и лазаров

Дуелот од последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите меѓу унгарски Веспрем и Нант не се одигра, а причината е во позитивниот наод на тестирањето на ковид 19 кај еден од судиите од Хрватска, Далибор Јуриновиќ и Марко Мрвица.

Почетокот на средбата беше одложен, се чекаше неколку часа, но ЕХФ одлучи да нема ракомет во Веспрем. Официјално е дека мечот е одложен, а распределбата на бодови ќе се одлучи во текот на утрешниот ден. Натпреварот требаше да биде соочување на македонските репрезентативци Кирил Лазаров и Дејан Манасков.

Кирил Лазаров в сабота за првпат ќе прозива како селектор на националната репрезентација, во евро-квалификациите против Данска.

Share