hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Тешка гостинска победа за Нант во Иври

nant lazarov

Иври - Нант 24:25 (13:11)

По европските успеси против ППД Загреб и Кил, тимот на Нант на Кирил Лазаров оствари минимална победа со 24:25 на гостувањето кај Иври во рамките на 17. коло од првенството на Франција. Во завршните минути од првиот дел, домашниот Иври се одлепи и обезбеди предност од 13:11 на полувреме. Со сличен ритам се играше и во поголемиот дел од второто полувреме, но во самиот финиш Нант влезе во ритам и со одлична серија впиша нови бодови на своето конто.

Лазаров ги одигра само воведните минути од натпреварот и не се запише во листата на стрелците, а најзаслужен за тесна победа беше Балауер со седум гола од осум обиди. Голманот Нилсен забележа десет одбрани.

Нант со овој триумф останува на петтата позиција на табелата со 20 бодови. Следната недела екипата на Лазаров гостува кај неговиот поранешен клуб Веспрем во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Share