hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Супер-финиш на домаќините, Нант вторпат го надигра ППД Загреб

nant - zagreb

Нант - ППД Загреб 30:28 (13:14)

Нант вторпат оваа сезона го совлада поранешниот европски првак, ППД Загреб, а Кирил Лазаров се радуваше на триумф против поранешниот клуб. Сепак, за разлика од победата на многу полесен начин во главниот град на Хрватска, вечерва во Франција, момците на Алберто Ентрериос многу потешко дојдоа до бодовите. Ракометарите на Нант славеа со 30:28, со подобар финиш од „плинарите", на чија клупа од пред неколку дена седна Ивица Обрван.

Французите имаа контрола на резултатот во првиот дел, но нападот на ППД Загреб функционираше, па на одмор се замина со 13:14. Во вториот дел Буриќ и Мандиќ зголемија на 16:13 и Хрватите почнаа да се надеваат на чудо. Расположениот Ривера израмни на 25:25 во 47. минута. Техничките грешки на гостите во во последните три минути го решија прашањето на победникот и Нант славеше со 30:28.

Кирил Лазаров натпреварот го заврши со три постигнати гола. Најпрецизен беше Ривера со единаесет, а фантастичен беше и Фигуерас со седум погодоци. Кај ППД Загреб се истакна Хрстиќ со шест гола, а еден помалку запиша крилото Мандиќ. Ова е петта победа за Нант, кој останува на шестото место во групата во која доминира Барселона.

Share