Селекторот Лазаров го објави списокот за двомечот против Данска
Селекторот на Македонската сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари со репрезентацијата на Данска.
Голмани: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Градимир Чаневски, Андреј Петковски
Крила: Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Цветан Кузманоски, Димитар Димитриоски, Гоце Георгиевски, Ненад Костески, Мартин Поповски, Томислав Јагуриновски
Кружни напаѓачи: Кристијан Симоноски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Михаил Аларов
Бекови: Филип Талевски, Филип Кузмановски, Дејан Кукуловски, Емилијан Ѓорѓовски, Филип Миркуловски, Марко Мишевски, Горан Крстевски, Марио Танкоски, Игор Георгиев, Мартин Ивановски, Томче Стојановски, Никола Цветановски, Марко Карапалевски, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Кирил Лазаров (капитен).
Во стручниот штаб на репрезентацијата се вклучени поранешните репрезенттаивци Миркуловски, Ангеловски и Јоновски и Билјана Црвенковска.
Третиот натпревар во квалификациската групна фаза сениорите ќе го одиграат на 11 март 2021 против репрезентацијата на Данска во СЦ "Борис Трајковски", а возвратниот дуел ќе се одигра во Алборг, Данска на 14 март 2021 година.