hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров за ИХФ: Сакам предизвици, научив многу од големите тренери со кои работев!

kire ihf

Кирил Лазаров е назначен за нов селектор на македонската сениорска репрезентација со која има амбиции да продолжи кон нови големи натпреварувања.

Лазаров за официјалниот веб страница на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) зборуваше за неговиот следен предизвик.

  • „Отсекогаш сакам големи предизвици, ова секогаш ми помагаше да станам подобар и да бидам себеси. Задоволство ми е што сум селектор на македонската машка репрезентација, за која играв од 1997 година. Свесен сум за предизвиците, свесен сум колку ќе биде тешко, но сепак верувам дека можам да го подобрам тимот и работам за истиот", смета Лазаров.

Создавањето на нов „Лазаров" или нова генерација за македонскиот ракомет не е лесна задача и не може да се брза, и покрај амбициите и очекувањата на навивачите.

download 2

Кире е свесен за тоа, неговата мотивација и работна етика секогаш беа врвни, како капитен на неговата репрезентација. Тој не очекува ништо друго од својот состав, сега на својата позиција како тренер.

  • „Јас секогаш имам високи амбиции. Тоа е првиот услов да се успее. Имав одлична кариера како играч, но тоа не значи дека немав проблеми. Ќе биде исто како тренер. Затоа успеваат само најпосветените и најиздржливите. Работев со многу големи тренери во кариерата. Научив многу од нив и ќе спроведам дел од тоа во мојата тренерска кариера", додаде Лазаров.

Македонската легенда потоа се осврна на најдобриот момент во репрезентативниот дрес.

  • „Омилен момент? Можеби Светското првенство во Хрватска во 1999 година, кога постигнав 92 гола за мојата земја на турнирот. Тоа постигнување е рекорд на сите шампионати. Задоволен сум за тоа што го остварив во мојата кариера.

Комплетното интервју можете да го прочитате на следниот линк:

 

Share