hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров блескаше против поранешниот клуб, Нант минимално загуби од Барселона

barsa - nant

Барселона - Нант 30:29 (14:17)

Нант ја намачи најдоминантната екипа во Лигата на шампионите, шпанска Барселона, но на крајот сепак загуби со 30:29. Така Каталонците останаа перфектни, со 12 победи во исто толку натпревари. Ракометарите на Нант заслужија барем бод, откако двете екипи имаа што да покажат и вистинска штета е што гледачи во „Палау Блауграна" не можее да уживаат во прикажаното.

Во првиот дел Нант играше одлично и на одмор замина со три гола разлика (14:17). Полетниот тим на Алберто Ентрериос играше допадливо, целосно ги искористи неиграњата на некои од домашните ѕвезди и дупките во одбраната и блескаше во првиот дел. Лазаров подели неколку асистенции и даде голем придодес во перфектниот прв дел.

Вториот дел донесе поинаков тек на работите. Голманот Мелер се разбрани, ракометарите погодуваа скоро без грешка. па гостите мораа да играат завршница гол за гол. Каталонците беа посреќни и поконцентрирани и впишаа минимален триуимф од 30:29.

Арињо, Гомез и Мем со по пет гола беа најпрецизни во таборото на Барселона, а кај Нант се истакна Ривера со девет гола. Кирил Лазаров постигна три гола и запиша пет асистенции. Барселона дојде до својата 12-та победа во 12 одиграни натпревари со што само го потврди првото место во групата.

Share