hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант се прошета во Загреб и покажа дека се враќа во победнички ритам

нант во ЗГ

ППД Загреб - Нант 24:34 (8:20)

Во само неколку дена Нант ја сврте целата приказна на почетокот од вториот дел на сезоната и по поразот од Целје, одговори со победи над Алборг и ППД Загреб. Дуелот меѓу хрватскиот шампион и францускиот шампион беше симултанка за тимот на Алберто Ентрериос, што е еден вид изненадување по одличната партија на „плинарите" во четвртокот против Барса.

Нант лесно ги освои бодовите откако лесно триумфираше со 24:34, а значајна улога во победата имаше нашиот Кирил Лазаров. Веќе по десет минути игра резултатот гласеше 3:8. Димулан блескаше, а Французите постигнуваа голем број лесни погодоци.
До крајот на првиот дел Нант со серии од двапати по 4:0 направи недостижна предност и го реши победникот. По 30 минути игра беше 8:20.

Вториот дел започна до исто сценаиро. Хрватите направија јалови обиди за да ја намалат високата разлика и донекаде успеаја. Сепак, очајната серија во Лигата на шампионите која гласи десет порази на исто толку натпревари во тековната сезона не можеа да ја сопрат.

Лазаров натпреварот го заврши со три погодоци, а најефикасен беше Даматрин-Бертранд со шест гола. Во составот на Загреб прв стрелец беше Сенјамин Буриќ со шест гола, Хрстиќ и Обрадовиќ постигнаа по четири.

Share