hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Никогаш не сум ја одбил Македонија, ќе променам многу во однос на играта

lazarov selektor

Новиот селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров првпат се огласи по назначувањето и најави промени во играта на селекцијата.

Најдобриот македонски ракометар во онлајн обраќање рече:

„Сакам да се заблагодарам на претседателот, господинот Мукаетов. Без размислување го прифатив овој нов предизвик. Никогаш не сум ја одбил Македонија. Ова е голема одговорност, се надевам на успешна и долгорочна соработка. Под мое водство Македонија ќе игра брз и модерен ракомет. Но тоа не може да се промени преку ноќ. Во престојните квалификациски натпревари нема да промениме многу во однос на играта, бидејќи немаме време за тоа, но верувајте дека од Европското првенство ќе гледате една Македонија која игра модерно. Наскоро ќе објавам список од 35 ракометари и мојот стручен штаб. Ќе се обидеме да истестираме колку што е можно повеќе играчи, да видиме кој ќе може да го носи дресот на националниот тим".

Кире Лазаров ќе дебитира на квалификациониот натпревар со Данска во Скопје, кога се очекува да биде и во тимот, со капитенската лента на раката.

Share