hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Кирил Лазаров е новиот селектор на македонската ракометна репрезентација

lazarov selektor 2

На денешната прес-конференција. претседателот на РакомеТната федерација на Македонија, Живко Мукаетов ги информираше претставниците на медиумите дека на одржаната седница на Управниот Одбор, членовите на Управниот одбор едногласно го усвоија предлогот за назначување на Кирил Лазаров за селектор на сениорската машка ракометна репрезентација.

„Чест и привилегија ми е што можам да објавам дека е постигнат договор со човекот што има направено најмногу за македонскиот ракомет, најдобриот ракометар во историјата на Македонија, Кирил Лазаров, да биде тренер-селектор на машката репрезентација. Договорот е на една година додека Лазаров да го добие сертификатот, а потоа ќе продолжи со четиригодшен договор", изјави Мукаетов.

На денешната прес-конференција присуствуваше и се обрати Кирил Лазаров, кој се заблагодари на доверената подршка од страна на РФМ и ги информираше претставниците на медиумите дека во периодот кој претстои ќе бидат објавени и соработниците, членовите на новиот стручен штаб.

Share