hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант сервираше реванш за ноемврискиот пораз, поразен Алборг со девет разлика

нант - алборгх

Нант - Алборг 38:29 (18:14)

По поразот од Целје пред неполна една недела, Нант во вистински момент се врати во форма во Лигата на шампионите и им се реваншира на Данците за ноемврискиот пораз во Скандинавија. Имено, во дуелот кој понуди 67 гола, Нант го надигра Алборг со 38:29.

Најдобар поединец на натпреварот беше голманот Емил Нилсен кој собра 17 одбрани. Уште на стартот беше екипата на нашиот Кирил Лазаров наметна ефикасен напад, брзи и лесни голови и подобра одбрана од противникот. Во такво прво полувреме францускиот претставник на одмор замина со 18:14. Во вториот дел предноста стануваше повисока, а во последните десетина минути немаше драматика.

Најефикасни кај Нант беа Ривера и Мине со по седум гола, а по четири впишаа Овничек, Њокас и Балагер. Лазаров постигна еден гол. Прв стрелец на Алборг беше Себастијан Алборг со седум гола.

Share