hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров се врати во тимот, Нант го надигра Истр

nant - istres

Нант - Истр 38:27 (19:13)

Поразот од Целје Пивоварна Лашко во Лигата на шампионите е заборавен. Нант пак е на победнички стази, откако во првиот дуел од домашното првенство по Светското првенство прокнижи значајни бодови. Кирил Лазаров се врати во составот по неиграњето во Лигата на шампионите и постигна два гола во победата во дуелот против Истр (38;27).

Домаќините постојано водеа, а предноста ја зголемија кон крајот на првото и почетокот на второто полувреме. Најдобри стрелци кај Нант беа Ривера со девет и Фигеирас со шест постигнати гола, додека кај Истр, Нилсен впиша седум реализации.

Нант се наоѓа на петтото место во француското првенство со 17 бода. Лидер е ПСЖ со 26 бода од 13 натпревари, пред Монпелје со 20 бода и натпревар помалку.

Share