hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант поразен на домашен терен од Целје

nant - celje

Нант - Целје Пивоварна Лашко 28:30 (13:14)

Ракометарите Нант, без нашиот Кирил Лазаров, неочекувано загубија од Цеје Пивоварна Лашко со 28:30 во првиот натпревар во 2021 годеина. Од првите минути на мечот Целје брзо поведе со 3:7 во 10. минута, но Ривера и Мин израмнија на 8:8 со серија на голови.

До крајот на првиот дел гостите имаа водство најчесто од два гола, за на одмор д азаминат со 13:14.

Нант стигна до првото водство на почетокот на второто полувреме. Сепак, Словенците беа порешителни и со добра серија повторно поведоа со 20:24 во 45. минута. Секој обид Нант да се врати во игра беше неуспешен и Новак во последната минута погоди за потврда на победата.

Најефикасен кај Нант беше Давид Балагер со десет погодоци, а во составот на Целје прв стрелец беше Жига Млакар со осум гола,

Share