Кирил Лазаров прогласен за најдобар десен бек на декадата
Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров доби голема награда, откако во изборот на „Хендбол-планет" е избран за најдобар десен бек во минатата деценија.
Лазаров доби 67% од гласовите и заврши пред Ласло Наѓ и Алекс Душебаев, а Македонецот доби најмногу гласови и од комисијата.
Тим на деценијата:
Лево крило на декадата: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек на декадата: Микел Хансен (ПСЖ)
Среден бек на декадата: Домагој Дувњак (Кил)
Десен бек на декадата: Кирил Лазаров (Нант)
Десно крило на декадата: Лук Абало (Елверум)
Голман на декадата: Арпад Штербик (пензиониран)
Пивот на декадата: Бјарте Мирхол (Скјерн)
Дефанзивец на декадата: Виран Морос (ПСЖ)