hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Заврши негативната серија, Нант го скрши отпорот на Трембле

lazarov tremble

Нант - Трембле 32:25 (16:15)

Францускиот вицешампион Нант стави крај на серијата од четири порази во низа (два во ЛШ и два во франскиот шампионат), на домашен терен го совлада Требли со 32:25 (16:15) во заостанатиот натпревар од петтото коло. За тимот на капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров ова беше седма победа, со скор од едно реми и три порази останува на петото место во француското првенство.

На пауза се замина со минимална предност на Нант од еден погодок, додека стартот на вториот дел донесе тврд и израмнет ракомет. Но, гостите како да имаа гориво за 45 минути, затоа што потоа влегоа во криза, која искусните ракометари на домаќинот го искористија тоа и запишаа значајна победа од 32:25.

Лазаров дуелот го заврши со три постигнати гола, додека кај Нант најпрецизен беше Миње со шест гола.

Share