hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант загуби во драматичен финиш во Запорожје

motor nant

Мотор Запорожје - Нант 29:28 (13:13)

Ракометарите на Мотор Запорожје по вторпат оваа сезона го совладаа Нант во Лигата на шампионите и си ги зголемија шансите за пласман во нокаут-фазата. Ова беше натпревар во кој Мотор освои важни бодови, иако Нант беше блиску до победа, но пак потфрли во последните моменти од натпреварот.

Мотор создаде водство од три гола уште на стартот, па по половина полувреме беше 7:4. Сеак, Нант успеа да ја стигне негативата до крајот на првиот дел и на полувреме беше нерешено 13:13.

Во вториот дел се играше израмнето, гол за гол, а човек на одлука беше Бохан кој го заврши мечот со девет погодоци. За гостите осум реализира Мине, а Лазаров го заврши натпреварот со три гола.

Последниот дуел во групата Б за оваа есен ќе го одиграат Целје Пивоварна Лашко и ППД Загреб за три дена.

Share