hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант загуби во Прованс, втор пораз во четири дена за вицешампионот

ривера нант

Екс Прованс - Нант 31:29 (14:12)

Нант загуби на гостувањето кај Екс Прованс во рамките на 13. коло од првенството на Франција со 31:29 (14:12), што е втор пораз по ред во шампионатот, по оној во неделата од ПСЖ.

Почетокот на мечот беше одлучувачки за победникот, Екс поведе со 5:1 и во продолжението успешно ја одржуваше позитивата до крајот на мечот. Иако Нант одигра добро второ полувреме, кое беше резултатски изедначено, голманот Весли Парди блесна со 15 одбрани во Екс. Кај Нант, младиот Нилсен собра 13 и го држеше својот тим во „живот", ама на крајот сепак загубија.

Капитенот на репрезентацијата на Македонија натпреварот го заврши со еден погодок. Во тимот на Нант најефикасен беше Валеро Ривера со девет реализации, а шест постигна Калванти.

Со овој пораз Нант останува на петтата позиција и е сè подалеку од борбата за титулата.

Share