hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Голема победа на Голден Арт КЛ7 против Радовиш

kl7 - radovis

Голден Арт КЛ7 – РК Радовиш 31:26 (16:15)

Младите момци на Голен Арт КЛ7 дојдоа до голема победа над фаворитот Радовиш во Суперлигата. Откако во второто коло на гостувањето во Радовиш загубија со 33:29, овој пат се „одмаздија" за тој пораз и забележаа убедлива победа од 31:26.

Лошо стартуваа момците на Бошковски, па дозволија поискусниот гостин да отвори со серија од 1:4. Сепак, брзо ги консолидираа редовите, па после десет минути игра израмнија на 6:6. Потоа следеше игра гол за гол, се до 25 минута кога Радовиш повторно ја врати највисоката предност од три погодоци (10:13). Последните пет минути од првиот дел домашните момци ги одиграа на високо ниво, со серија од 5:1 дојдоа и до првото водство на денешниот натпревар. а после 30 минути игра резултатот гласеше 15:14.

Во вториот дел Голден Арт КЛ7 продолжи со одличната игра, не дозолив противникот резултатски да се приближи, па после седум игра во вториот веќе имаше и предност од четири погодоци (20:16). Гостинот дојде на само еден погодок предност (26:25) но повторно следеше одличен и трезвен период на момците на Бошковски, по што во последните минути ги искористија неколкуте грешки на Радовиш за убедлива победа од 31:26. Повторно одличен натпревар имаше голманот Петковски кој забележа 19 интервенции, додека Симоноски го заврши натпреварот со десет, а Ѓорговски со шест погодоци.

Голден Арт КЛ7:
Џигероски 1, Стојков 2, Крстески 1, Цветаноски, Гучески 1, Симоноски 10, Илиески, 1, Димовски 7, Василевски, Темелкоски, Ѓорговски 6, Јорданов, Буторац, Стојковиќ, Гајиќ, Петковски

Седмерци: 2/3
Исклучувања: 4 минути

Share