hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Голема победа во Шафхаузен, Македонија гледа кон ЕП

kire svajcarija

Швајцарија – Македонија 23:25 (10:10)

Македонија гледа кон Европското првенство во 2022 година, откако попладнево во Шафхаузен ја совлада Швајцарија со (10:10) и со две победи како и Данска изби на чело на табелата.

Двете селекции почнаа со по два нереализирани напади и први одбрани на Митревски и Винголт. Преку Талески и Стоилов први дојдовме во водство, но полека се разигра Енди Шмит кај домаќините. Во седмата минута првпат се одлепивме на +2, по головите на Лазаров и Стоилов (2:4).

Одлично го почна дуелот Митревски, со три чисти одбрани и самодоверба на целата селекција. Следеа наизменични голови на Стоилов и Кузмановски за Македонија и Лени Рубин и Енди Шмит за Швајцарците. Со серија 3:0, Швајцарците поведоа во последната минута од првиот дел, но со звукот на сирената погоди Лазаров за 10:10 по првите триесет минути.

Второто полувреме започна уште потврдо, со цврсти одбрани и тешко постигнување на голови. Портнер на голот се разбрани, но Маџовски со четвртиот гол не дозволи Швајцарците да заминат на +2. Сепак, затаи нашиот одмор, Рубин донесе серија 3:0 и Брестовац побара минута одмор при 18:15 во 44. минута. Брзо се склопија нашите редови и следеа три неодговорени гола (Пешевски, Кузмановски и Лазаров) и 18:18 на дванаесет минути до крајот.

Филип Кузмановски ја продолжи нашата серија и согол за 18:19 го принуди Сутер на тајм-аут. Скоро шест минути не примивме гол и во финишот влеговме со минимална предност. Томовски одбрани три зицери кога најмногу требаше и Гоце Георгиевски реализира од тежок агол за 20:22 во 55. минута. Мишевски со својот прв гол во 57. минута донесе +3 и лесно приведен натпревар кон крај за победа од 23:25.

Кирил Лазаров повторно беше прв стрелец на Македонија со шест погодоци, пет постигна Стоилов, а по четири пати прецизни беа Георгиевски и Кузмановски, за овој огромен триумф со кој широко се отвораат вратите за пласман на ЕП 2022.

Share