hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров даде 11 гола, Македонија ја надигра Финска на стартот на квалификациите

ep-2022-rakomet-kvalifikacii-makedonija-finska-04112020-3733

Македонија – Финска 33:24 (16:10)

Македонската ракометна репрезентација со убедлива победа над Финска ги почна квалификациите за Европското првенство во 2022 година во Словачка и Унгарија. Во СЦ „Борис Трајковски" совладана е Финска со 33:24 (16:10).

Натпреварот започна со по две одбрани на Митревски и Макела и на првиот гол се чекаше три минути, кога Таминен го отвори резултатот. Следеа голови на Стоилов, Талески и Кузмановски и минимална предност на нашиот национален тим. Нашата игра во напад немаше течност, а и пречесто се грешеше. Мекела одбрани два наши седмерци и Таминен на празен гол погоди за 3:4 во 14. минута.

Следеше серија 4:1 на нашиот национален тим, Лазаров даде три гола и во 19. минута Македонија поведе со 8:5. Со серија на исклучување на Финска и седмерци на Македонија, предноста порасна на +6 пред Линдгрен да побара минута одмор во 24. минута. Лазаров беше незадржлив, даде уште четири гола до одморот (вкупно осум во првиот дел) и на полувреме се замина со 16:10.

Многу сериозно нашиот национален тим го почна и вториот дел, Митревски бранеше одлично, а се почесто постигнувавме лесни голови. При 23-15 Линдгрен побара минута одмор, но Финците немаа решение против нашата одбрана. Капитенот ја премина границата од десет гола и им отстапи простор на помладите. На средина од вториот дел резултатот гласеше 24:17.

Без притисок и проблеми момците на Брестовац го привршија натпреварот кон крај со победа од 33:24. Најефикасни на натпреварот беа Лазаров со 11 гола кај Македонија и Гранлунд со 10 погодоци.

В сабота во второто коло Македонија во Шафхаузен му гостува на швајцарскиот национален тим.

 

 

ФОТО: Филип Вирановски
www.Gol.mk

Share