hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров номиниран за најдобар десен бек во последната деценија

lazarov desen bek

На повидок е уште едно големо признаниеза најдобриот македонски ракометар. Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, е номиниран за најдобар десен бек во последната деценија од страна на специјализираната интернет-страница за ракомет „Handball-planet".

Лазаров е изразит фаворит, бидејќи во последната деценија играше четири финалиња на Лигата на шампионите, а ја освои титулата со Барселона.

Меѓу номинираните се и Ласло Наџи кој моментално е дел од управата во Веспрем, како и со Алекс Душебаев од редовите на полскиот првак Киелце.

Својот глас во анкетата може да го дадете на следниот линк:

https://www.handball-planet.com/world-handball-right-back-of-decade/

Share