hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Реми во последната секунда во Струга, историски прв бод за Голден Арт КЛ7 во Суперлигата

струга - кл7

Струга - Голден Арт КЛ7 23:23 (9:8)

Со голот кој го постигна Емилијан Ѓорговски во последните секунди, екипата на Голден Арт КЛ 7 дојде до првиот бод во Суперлигата и тоа на гостувањето во Струга (23:23). Резултатската тензија во дуелот на две релативно изедначени екипи траеше цело време. Голден Арт КЛ 7 поведе со 6:4 и потоа со 8:6, но на одмор гостите заминаа со еден погодок заостанување (9:8).

Возбудливи беа последните две минути кога и двете екипи имаа можност да обезбедат триумф. Струга поведе со 23:21, но младите ракометари на Голден Арт КЛ7 се вратија и на неколку секунди до крај Емилијан Ѓорговски погоди од десетина метри за нерешени 23:23 и голем бод за дебитантот во Суперлигата.

Рајатоски со шест и Николиќ со пет гола беа најефикасни кај Струга, а Ѓорговски постигна пет и Буторац четири гола кај Голден Арт КЛ7.

Share