hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант поразен во Данска од разиграниот Алборг

nant alborg

Алборг - Нант 32:24 (16:9)

Вицешампионот на Франција, Нант го запиша третиот пораз во групната фаза на Лигата на шампионите. Составот на Алберто Ентрериос беше надигран од првакот на Данска, Алборг, кој победи со 32:24, во натпревар во кој домаќините водеа од првата до последната минута.

Францускиот тим беше немоќен уште во првото полувреме, постигна само девет гола, премалку за освојување на целиот плен против незгоден ривал. Во продолжението Алборг немаше тешка задача да го одржи водството и најчесто имаше предност од десет гола.

Јенсен со шест и Кристенсен со четири гола беа најдобри поединци во данскиот тим. Капитенот на македонската репрезентација постигна два гола на натпреварот. Кај Нант најефикасен беше Фадил Крепи со пет погодоци.

Со оваа победа Алборг го задржа максималниот ефект по четири одиграни натпревари и заедно со Веспрем останува на врвот на табелата во групата.

Share