hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров го поведе Нант до трета победа во францускиот шампионат

lazarov so tuluz

Нант - Тулуз 31:28 (15:13)

Ако во Лигата на шампионите загуби два натпревари, во францускиот шампионат екипата на Нант продолжува со серијата победи. Во третиот дуел од шампионатот, Нант го совлада Тулуз со 31:28 (15:13), во надигрување до самиот финиш, во кое поискусниот тим на Алберто Ентрериос стигна до победата.

Лазаров постигна шест гола, погодуваше кога најмногу требаше и покажа зошто е лидер на овааа млада генерација на ракометари на Нант. Лазаров пет пати од игра и еднаш од линијата од седум метри ја погоди противничката мрежа. Ефикасни како и Лазаров беа Шпанците Ривера и Фигуерас, исто така автори на по шест погодоци. Немања Илиќ со седум и Абди Ајуб со пет гола беа најефикасни кај поразениот тим на Тулуз, противник на Металург во групната фаза на Лига Европа.

Вечерва значајна гостинска победа запиша Монпелје во Ним (24:25), а Данкерк со цел плен се враќа од Иври (20:23).

Нант и ПСЖ се издвоија на врвот на табелата со по три победи од три натпревари и се предвидува уште поизедначена борба за минатата сезона. Следен ривал на Нант е тимот на Монпелје, в понеделник во 17:00 часот.

Share