hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Симонет го спаси Монпелје, Нант пропушти победа на жешкото гостување

EkHw  IWoAMhTBh

Монпелје - Нант 27:27 (14:13)

Првпат од почетокот на сезоната во Франција, Нант не победи, но одигра уште еден голем натпревар и се наоѓаше пред полн погодок на теренот на Монпелје. Во реприза од претпоследното финале на Лигата на шампионите, Монпелје со гол на Симонет на десет секунди до крајот се спаси од пораз и извлече реми против вицешампионот.

Од самиот почеток двете екипи влегоа ангажирано со цел да ги освојат бодовите од овој натпревар. Се играше изедначено без поголемо водство на двете страни сè до 33. минута кога Монпелје првпат имаше водство од два гола (10:8). Иако на одмор се замина со 14:13, Нант не очајуваше туку брзо ја презеде иницијативата и предноста.

Со игра гол за гол до 19:19, двете екипи најавија драматичен финиш. Нант успеа да се одлепи на 23:20 во 50. минута и се чинеше дека ја има победата в џеб. Сепак, Монпелје се врати, и во последниот напад Симонет успеа да израмни за поделба на бодовите.

Кирил Лазаров постигна три гола, а најефикасен беше Бриет со шест гола. Во тимот на Монпелје се истакна Дескат со осум погодоци. И двете екипи уште се непоразени во Лидл Старлигата - Нант има три победи и едно реми, додека Монпелје на контото има две победи и едно реми. ПСЖ е самостоен лидер со четири победи од исто толку натпревари. Во следното коло, Нант следниот викенд го пречекува Трембле.

Share