hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант ја заокружи перфектната недела со победа над Иври

lazarov protiv ivri

Нант - Иври 30:24 (16:13)

Викендов со натпреварите од првото коло, започна новиот француски ракометен шампионат. Вицешампионот Нант ја заокружи перфектната недела и по победата над Кил во „Шпаркасен Арена" запиша први бодови и на домашна сцена.

Имено, попладнево во Нант падна тимот на Иври со 30:24 (16:13). Во текот на сите 60 минути екипата на Алберто Ентрериос водеше и играше колку што е потребно за да се извојува прваѕа победа. Најефикасни поединци во победничкиот табор беа Овничек со седум, Лазаров со шест и Ривера со пет гола, а кај поразениот Иври најпозитивен беше Симон Омс со пет гола.

Бранителот на титулата, ПСЖ и попладнево не блескаше, па ризикуваше како и против Флензбург да загуби во финишот. Сепак, тимот на Раул Гонзалез одбраната на титулата ја започна со победа над Екс Прованс со 34:31.

Никола Карабатиќ постигна осум гола, два помалку од Хансен, а одличен беше и кружниот напаѓач Лука Карабатиќ со пет гола од исто толку обиди.

Share