hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

2WIN.MK-page-001

Декласиран Кил среде Германија, прва победа за Нант во ЛШ

kil - nant

Кил - Нант 27:35 (12:15)

Францускиот претставник во Лигата на шампионите, Нант приреди големо изненадување и го декласира Кил среде Германија со огромни осум разлика. Со одличен пристап, водство во текот на сите 60 минути и неколку спектакуларни голови и одлични одбрани на Нилсен, Нант славеше со 27:35 (12:15).

Дуелот започна со игра гол за гол, се до 6:6, пред Нант да побегне на 6:10. Екберг, Винцек и Зарабец ги вратија „зебрите" во игра и намалија на 9:10. Лазаров со првиот погодок зголеми на 12:14, а до крајот на полувремето погоди уште голманот Нилсен за плус три на пауза, 12:15.

Истиот развој на настаните се случуваше во вториот дел. Нант доминираше, бундеслигашот се доближи на 19:21, но потоа се појави несовладливиот Емил Нилсен и запиша шест одбрани во низа, што им овозможи на неговите соиграчи да се одлепат и да направат победничка разлика. а крајот, Нант победи убедливо победи со 27:35 и се радува по почетниот пораз од Веспрем на домашен терен.

Сагосен даде четири гола но од десет обиди, а исто толку постигна и Пекелер. Кај Нант се истакна Ривера со девет погодоци, додека Фигуерас даде шест. Лазаров постигна два гола за победничкиот тим.