hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Кирил Лазаров: На домашен терен мора да сонуваме победа против секој ривал!

lazarov vsrhein-neckar

Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров ја започна својата 20-та сезона во Лигата на шампионите. За францускиот медиуми „Ouest-france" ѕвездата на Нант пред почетокот на Лигата на шампионите зборуваше за оваа необична сезона, за новите предизвици и одлуката за завршување на кариерата.

Интервјуто ви го пренесуваме во целост.

Дали ја чувствувате и натаму истата желба за ракомет кога ќе се разбудите?

Немам проблем, бидејќи ја работам работата што ја сакам. Со секоја измината година, морам да му дадам повеќе време на моето тело, да работам поконкретно за да се чувствувам пoдобро. На пример, доаѓам на тренинг пред другите, со цел добро да се загреам...

Дали семејството ве притискаше да ја завршите кариерата?

Не, особено што моите деца растат и повеќе уживаат во ракометот. Сега ја разбираат играта.

Дали долгата пауза остави последици пред новата сезона?

Чувствував дека имам малку физички проблеми, но не и ментални. Тежината на одговорностите може да е терет. Доаѓањето на Милиќ и враќањето на Гурбиндо направија да се чувствувам подобро. Минатата сезона без долго време сам на позицијата, што не е лесно.

Кои се целите кои си ги поставивте со Hант сезонава?

Треба да одиме чекор по чекор. Ќе победиме многу, но и ќе загубиме некои натпревари. Имаме искуство од играње на секои три дена. Треба да се бориме да бидеме шампиони на Франција или барем да бидете второпласирани. Во Лигата на шампионите, ќе мора да одиме чекор по чекор. Првата цел е да се пласираме во осминафиналето, потоа да се стремиме за четвртфиналето и да се пласираме на „фајнал-фор". Секој знае дека ќе биде тешко. Не сме фаворити против Веспрем, Кил или Барселона. Станува збор за три учесници на следниот Ф4. Дури и имаат многу шанси да се вратат следниот јуни на завршниот турнир. Сепак, на домашен терен имаме можност да ги победиме. Треба да сонувате. Имаме добри играчи, добар тим, добар систем. Знаете, важно е да се добие првиот натпревар, особено во Лигата на шампионите. Одлично е и за стекнување на самодоверба.

Го загубивте Николас Турна. Дали вашата игра ќе биде поинаква?

Да, Турна ќе недостасува. Фактот дека ова е втора година со Алберто Ентрериос и Грег Кожан не спаси од губење време за да го поставиме системот на место.

Го носевте дресот на Веспрем, што ви остана во сеќавање од престојот во Унгарија?

Дојдов од Загреб, бев многу млад, сè уште не бев во брак, немав деца. Се сеќавам на езерото Балатон, град кој живее за ракометот, тука има сличности со Нант. Таму дури живеат само за ракометот и нема друг спорт поважен од ракометот. Продолжив двапати договор, што кажува дека беа задоволни со мене. Бев надежен млад ракометар. Мислам дека навивачите ме почитуваат и ме паметат. Го гледав нивното финале во СЕХА-лигата против Вардар, тие одиграа навистина добро и лесно победија. Подготвени се со своите три ротации на секој предизвик. Сигурен сум дека тоа ќе биде добар натпревар за гледачите.

Нант мораше да се справи со нарушените припреми, дали е тоа проблем пред соочувањето со Веспрем кој играше на „фајнал-фор" турнирот од СЕХА-лигата?

За мене индивидуално тоа не е проблем затоа што сум искусен играч. Ќе бидам посвеж. Од друга страна, за другите, тоа е проблем. Се подготвував психички, ментално...

На 40 години, дали е ова вашата последна сезона?

Ова е моја последна сезона, барем тоа е моја желба. Но, сакам да си дадам време. Нема да ја донесам својата одлука до јануари, февруари. Ако одлучам да продолжам, тоа ќе биде само во случај на добар предлог од европски ТОП-6 клуб. Не сакам да играм само колку да играм... Само ако се чувствувам добро, инаку мојата кариера ќе заврши тука. Моето тело, здравје ќе одлучи затоа што мојата глава има желба за игра. Тоа е одлука која ќе ја донесам заедно со семејството. На пример, ако кажам дека е готово и добијам итна понуда? Сакам да бидам одговорен ...

Сезоната само што започна. Со Нант, направив добар избор. Среќен сум тука, иако наидов на некои проблеми првата година. Нормално, не го знаев јазикот. Имам само убави зборови за клубот, претседателот, сите луѓе кои работат тука. Искрено, ова беше добра одлука по заминувањето од Барселона. Hант ќе заземе важно место во мојата кариера. Токму во Нант го прославив својот 40-ти роденден, со моето семејство, во станот, за време на карантинот.

Комплетното интервју можете да го прочитате ТУКА !

 

Share