hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонското дерби за Манасков, Веспрем освои цел плен во Нант

лазаробв против Вепспрем

Нант - Веспрем 24:28 (10:11)

По долга пауза продолжи Лигата на шампионите, а спектакуларен натпревар ви Франција одиграа последните два вицешампиони на Европа, Нант и Веспрем. Во рамките на Б групата победа извојува унгарскиот тим со 24:28, откако во три четвртини дуелот беше израмнет и решаваа нијанси. Сепак, во последните 15-тина минути тимот на Дејвис се одлепи и дојде до значајна гостинска победа.

Натпреварот беше македонски дерби меѓу Лазаров и Манасков, а на триумф се радуваше Дејан Манасков. Крилото играше во второто полувреме и постигна четири гола, наспроти Лазаров кој постигна пет гола во дуелот.

Во поголемиот дел од натпреварот Веспрем беше во водство. Немаше проблеми за да се избори за триумф така што на крајот дојде и до очекувани бодови. Најдобар кај Веспрем беше токму Манасков со пет гола, исто колку и Нилсон, а Лекаи и Борозан имаа по четири гола, додека кај Нант, Лазаров и Фигуерас имаа по пет гола.

Вечерва во рамките на Б групата Алборг славеше во Словенија против Целје Пивоварна Лашко со 29:31, а Флензбург со гол во последната секунда го совлада Киелце со 31:30.

Во второто коло Нант гостува кај тимот на Кил во „Шпаркасен Арена" во Германија.

Share