hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Пораз по голема борба за Голден Арт КЛ7 во Радовиш

kl7rad

РК Радовиш – Голден Арт КЛ7 33:29 (17:15)

Младите момци на Голден Арт КЛ7 во второто коло од Суперлигата забележаа и втор пораз, овој пат на гостувањето во Радовиш. Доколку во првиот натпревар против Охрид беа во подредена улога и за брзо време беше познат победникот, не беше така во второто коло на тешкото гостување против далеку поискусниот Радовиш, екипа која долго време се натпреварува во Суперлигата.

Натпреварот започна со серија на домаќинот од 3-1, но гостите брзо се вратија и израмнија на 3:3. Пропуштивме неколку шанси да го превземат водството, а тоа добро го искористи Радовиш кој поведе и ја задржа предноста. Голден Арт КЛ7 не дозволи противникот резултатски да се „одлепи", беше блиску на неколку наврати да израмниме, но неискуството на младите момци на Бошковски беше решавачко во неколку ситуации и на крајот Радовиш заслужено ја забележaa својата прва победа оваа сезона со конечен резултат 33:29. Андон Бошковски им даде шанса на сите играчи во текот на целиот натпревар, а дури осум од нив се запишаа во листата на стрелците со повеќе од два погодоци.

Голден Арт КЛ7 во петок го очекува нов дуел и повторно со искусен суперлигаш, екипата на РК Пролет 62, која е еден од главните претендите за плеј-офoт, додека в понеделник гостува во Струга.

Голден Арт КЛ7:
Стојков 2, Крстески 3, Цветаноски, Буторац, Даев, Ѓоргиев, Петрески, Каковски 5, Илиески 6, Димовски 4, Темелкоски 3, Ѓорговски 3, Стојковиќ, Гајиќ 3, Петковски

Седмерци: 5/4
Исклучувања: 4 минути

 

Share