hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Голден Арт КЛ7 поразен во тест натпревар против Металург

kl7metalurg

РК Металург – Голден Арт КЛ7 33:25 17:9

Младите момци на Голден Арт КЛ7 одиграа пријателски натпревар со екипата на Металург и забележаа пораз од 33:25. Иако започнавме одлично против далеку поискусниот противник, млади момци на Бошковски не успеаја резултатски да изненадат.

Натпреварот го отворија со водство од 0:2, но брзо врати домаќинот израмни 2-2 па следеше ново израмнување 4:4. Па потоа Металург го превзеде водството (7:5) и успеа да го зачува до крајот на натпреварот. Во последните десет минути од првото полувреме Металург постигна десет погодоци, додека Голден Арт КЛ7 само четири и заминав на одмор со негатива од осум погодоци односно (17:9)

Вториот дел тимотна Бошковсли одиграв подобро и овој период заврши нерешено 16:16, односно конечен резултат 33:25. Ова беше шести тест натпревар за Андон Бошковски, а нов дуел ги очекува во сабота против екипата на ГРК Тиквеш 2014.

Голден Арт: Каковски 1, Ѓеоргиев 2, Стојков 1, Гучески 1, Даев 3, Димовски 2, Илиески 3, Стојковиќ 1, Темелкоски 2, Ѓорговски 4, Буторац 2, Гајиќ 3

Share