hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: „Кире е класа, тој е пример за нас и на теренот и надвор од него“

kire f3.mp4 snapshot 00.31 2020.08.28 00.01.37

Француската национална телевизија, „France 3" го посети почетокот на подготовки во корона-кризата на францускиот вицешампион Нант и направи репортажа за нашиот Кирил Лазаров. Французите посебно ги интересираше неговата најавена одлука дека ја игра последната сезона во професионалната кариера.

„Сменив многу земји, настапував во Хрватска, Унгарија, Шпанија, сега сум во Франција. Скоро дваесет години сум во странство. Многу ги користам масажите. и во Нант и во македонската репрезентација. Масерите се мои големи пријатели.

Одлучив во главата дека ова веројатно ќе биде моја последна сезона како ракометар. Но, ќе ја донесам дефинитивната одлука во јануари и февруари. Ако мојата глава рече дека е доста, тогаш доста е. Но, одлично се чувствувам и спремен сум", вели Лазаров.

Ако некој добро го познава Лазаров од сегашниот ростер на Нант, тоа се шпанските ракометари, со кои претходно играше во АСОБАЛ лигата, но и тренерот Алберто Ентрериос, со кого македонскиот ас ја делеше соблекувалната во Сиудад Реал (Атлетико Мадрид).

„Верувам дека Кире ќе има добра сезона и дека ќе биде константен во нападите, што не е лесно за 40-годишник", смета тренерот на Нант, Алберто Ентрериос.

Дури и најмладите членови на Нант земаат пример од нашиот капитен. Тимо Брие го апострофира професионализмот и примерот кој Лазаров им го покажува на помладите.

„Откако дојде Кирил е пример за нас. Пример на тренинзите, како се однесува, пример за време на оброците...Кире е класа, на теренот или надвор од него, Кире е пример", вели младиот Брие.

Новата сезона во Лигата на шампионите и француското првенство е на самиот старт, а Нант пак ќе биде еден од фаворитите во двете натпреварувања.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share