hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Минимален пораз на Голден Арт КЛ7 од Еурофарм Пелистер 2

eurogpolden

Голден Арт КЛ7 – Еурофарм Пелистер 2 21-23 (11-12)

Голден Арт КЛ7 со минимален пораз ги стратуваше серијата подготвителни натпревари за престојната сезона. Во салата „Тодор Александров", која веќе втора година е база на младите ракометари на Голден Арт КЛ7 во Охрид, битолскиот тим беше поискусната екипа во дуелот. Натпреварот во целиот свој тек беше неизвесен, и ниту една екипа немаше предност поголема од два разлика. На полувремето биолчани имаа предност од 11-12, а крајниот резултат гласеше 21-23 за Еурофарм Пелистер.

 

Имајќи предвид дека се работеше за подготвителен натпревар, двајцата тренери, Бошковски и Јовиќ, дадоа можност за воигрување на повеќе ракометари од своите редови. Кај Голден Арт КЛ7 поради повреди не настапија Никола Цветаноски, Емилијан Ѓорговски и Андре Буторац, но и без нив најмладиот тим волигата одигра солиден подготвителен натпревар.

Голден Арт КЛ7:
Симоноски 2, Ѓеоргиев 5, Гучески 2, Даев 1, Димовски 5, Крстески 1, Илиески 3, Гајиќ 2

Share