hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант тргна со тест-натпреварите со убедлива победа против Сесон Рен

ren - nant

По пет недели базични подготовки, ракометарите на Нант го одиграа првиот контролен натпревар. Како дел од подготовките за стартот на францускиот шампионат и Лигата на шампионите, тимот на Кирил Лазаров, втора сезона со Алберто Ентрериос на клупата, го надигра Сесон Рен со 29:19 (17:7).

Од самиот почеток фаворитот започна агресивно, постигна серија на лесни голови и поведе најнапред со 10:5, а потоа и со 14:6. Највиоката предност Нант ја запиша на одморот каде запиша дури десет разлика. Во вториот дел темпото благо опадна, предноста не растеше, но и драстично не се намалуваше. Така, финалните +10 реално ја покажуваат моќта на новиот Нант наспроти Сесон Рен.

Првиот тест беше позитивен за вицешампионот, стручниот штаб шанса им даде на сите ракометари, а тие одговорија со одлична партија. Кирил Лазаров постигна два гола во периодот поминат во игра. Најефикасни во тимот на Нант беа Белегер со шест и Брие со пет погодоци, а Ривера, Дамартин и засилувањето Батај постигнаа по три погодоци. Двата голмани Думулин и Нилсен собраа вкупно 15 интервенции.

Кај Сесон Рен, голманите Базник и Запонсек заедно собраа 11 одбрани, а најефикасни беше Кардинал со пет погодоци.

Следниот петок екипата на ПСЖ игра посилен контролен натпревар, а ривал во Париз им е првакот на Франција, ПСЖ.

Share