hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Голден Арт КЛ7 ќе тестира со суперлигаши во Охрид

kl7 trening

Младите ракометари на Голден Арт КЛ7 ги продолжуваат подготовките за предизвиците кои ги очекуваат во дебитантската сезона во најквалитетното ракометно натпреварување во државата.

Првиот дел од подготовките според планот изработен од стручниот штаб предводен од Андон Бошковски, младите момци го одработија во Скопје работејќи напоредно на отворено и сала, а вториот дел од неделата го продолжија во Охрид во комплексот хотел Аквалина.

До крајот на втората фаза и подготовките во Охрид, ракометарите на КЛ7 ќе имаат згуснат распоред на тренинзи но и одлична можност за проверка на формата, со подготвителни натпревари против вториот тим на Еурофарм Пелистер, натпревар кој ќе се одигра во петок (21.08), а потоа следат две контролни средби со екипата на РК Аеродром и РК Прилеп во недела (23.08).

Последната фаза од подготовките Голден Арт КЛ7 ќе ја реализираат во Скопје, каде ќе одиграат уште неколку подготвителни натпревари со екипи од Суперлигата, очекувајќи го стартот на деби сезоната.

Share