hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Србинот Милиќ претставен како нов ракометар на Нант

milic

Милан Милиќ официјално беше претставен како нов ракометар на францускиот клуб и претставник на оваа земја во Лигата на шампионите, Нант. Младиот 22-годишен Србин потпиша четиригодиешен договор и ќе ја дели соблекувалната со Кирил Лазаров.

Милиќ го доби дресот со број пет, а добредојде му посака тренерот на екипата Алберто Ентрериос.

„Милан има талент да постигне гол и многу солуции во играта шест против пет. Неговото најдобро оружје ќе биде неговата тактичката полезност и интелигенција", изјави Ентрериос.

Нант во новата сезона ќе започне со подготовките месецов, а првите натпревари во француското првенство и Лигата на шампионите ги очекува во септември годинава.

Share