hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант доби покана и се враќа во Лигата на шампионите

лш учесници м

Eвропската куќа на ракометот (ЕХФ) денес ги објави добитниците на вајлд-карта и помеѓу нив е француски Нант. По едногодишна пауза, екипата на Кирил Лазаров пак ќе игра во најелитниот европски куп. Пред две сезони францускиот тим играше во финалето, каде загуби од Монпелје.

Клубовите кои добија вајлд карта се: ПИК Сегед, Елверум, Динамо Букурешт, Целје, Пововарна Лашко, Мешков Брест и Нант. Резерви се Динамо Букурешт и Висла Плок.

Директно во групната фаза место обезбедија Вардар, Барселона, Киелце, Кил, Фленсбург, ПСЖ, Веспрем, Алборг, ППД Загреб и Порто.

Ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите е планирана за први јули.

Share