hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Голден Арт КЛ7 го доведе Буторац, нов договор доби и Петковски

IMG-71424288bef460e6ac7cc5236d79557b-V

Создавањето и ангажирањето на млади македонски ракометари е идејната цел на ракометниот клуб Голден Арт КЛ7. Клубот вложува и им дава можност на талентирани млади играчи да покажат и докажат дека може да се игра и да се постигнуваат резултати и со домашни играчи.

Во следните две години клубот се засилува со битолчанецот кој има европско искуство, Андре Буторац, играч на позиција десен бек, роден 2001 година а минатата година беше дел од суперлигашкиот тим Еурофарм Пелистер 2 од Битола.

Исто така, Голден Арт КЛ7 го продолжи договорот со голманот Андреј Петковски на уште две години, кој е во клубот од декември минатата година. Тој е наш младински репрезентативец роден 2001 година, а досега настапуваше и за ракометните клубови Вардар Јуниор и Работнички, екипи кои се натпреваруваа во Суперлигата.

Share