hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Одреден идеалниот тим, Сагосен МВП на сезоната во Франција

idealen tim francuska liga

Норвежанецот Сандер Сагосен е прогласен за најдобар играч на сезоната во францускиот ракометен шампионат. Сагосен, кој летово го напушта ПСЖ и ќе се пресели во Кил, на престолот го наследи Мелвин Ричардсон.

Ракометарите на ПСЖ беа прогласени за шампиони на Франција, откако првенството беше прекинато поради пандемијата од коронавирусот. Сагосен ја заврши сезоната со 64 гола на 16 натпревари, постигнувајќи 18 голови на последните три натпревари.

Раул Гонзалез, исто така од ПСЖ, беше прогласен за најдобар тренер на француската лига сезонава.

Во најдобриот тим на шампионатот на Франција се најдоа голманот Родриго Коралес (ПСЖ), најдобриот дефанзивец Виран Морос (ПСЖ), средниот бек Сандер Сагосен (ПСЖ), левиот бек Елохим Пранди (Ним), десното крило Мохамед Санад (Ним), левото крило Уго Декант (Монпелје) и десниот бек Недим Ремили (ПСЖ).

Share